Вардарци се наоѓаат во Анталија каде ќе ги одработат главните подготовки во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Познат е уште еден противник на контролните натпревари во Анталија за нашиот тим. Тоа е екипата на Херманштат од Романија.
Поради покасното пристигнување во Анталија, натпреварот кој беше закажан со екипата на Полисија Житомир нема да се одигра, па црвено-црните „дупката“ ќе ја потполнат со противникот од Романија.
Претходно вардарци ќе одиграат пријателски натпревари со екипите на СКА Ростов и Томск, и двете од Русија.