Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати патниците за вардаровата генер. “2006„ на турнирот во Хрватска
Познати патниците за вардаровата генер. “2006„ на турнирот во Хрватска

Познати патниците за вардаровата генер. “2006„ на турнирот во Хрватска

Вардаровата генерација “2006„ од утре па се до понеделник ќе биде дел од силен меѓународен турнир Меѓимурец 2018„ во Хрватска. Црвено-црните ќе биде дел од групата Д, во која уште се и екипите на Хајдук Сплит ( Хрватска), МТК Будапешт ( Унгарија) и Охала Токио (Јапонија). Се работи за силен турнир со квалитетни 16 екипи, кои доаѓаат од 10 различни земји.

На овој турнир генерацијата ќе биде предводена од Неделковски и Спасовски кои се одлучија во Хрватска да ги понесат следниве играчи: Андреј Данстак, Михаил Николов, Нуман Ајети, Драган Јанкоски, Димитар Порчу, Кристијан Галевски, Дарко Сековски, Марко Николовски, Давор Лефковски, Стефан Коловски, Алтин Алији, Михаил Танчев,Александар Миовски, Максим Цониќ, Никита Патаровски, Олег Трифуновски, Мирза Хасиќ, Олег Михајловски и Матеј Анастасов.

Вечерва во 18:00 часот е предвидено тргнувањето за Хрватска. Првиот натпревар на турнирот, Вардар ќе го одигра во петок со почеток од 17:30 часот против тимот на Охала од Јапонија. Во сабота ќе ги одиграме останатите два натпревари од групната фаза. Најпрво противник на црвено-црните ќе биде МТК Будапешт (12:20), за во последното коло да се сретнеме проти Хајдук Сплит (16:00 часот).