Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати противниците на завршниот турнир во детската лига, за четири генерации на ФК Вардар кои ќе се борат за трофејот

Познати противниците на завршниот турнир во детската лига, за четири генерации на ФК Вардар кои ќе се борат за трофејот

Четири генерации на ФК Вардар во сабота и недела на терените на ФФМ ќе се борат да го освојат првото место во детската лига, во својата возрасна категорија. Веќе се познати и противниците во четврфиналето, и евентуалното полуфинале за нашите екипи. Во недела ќе се одиграат мечевите за првото и третото место, по што ќе ги дознаеме победниците во шест различни возрасни генерации.

Генерацијата родени “2005“ година за противник во 1/4 финалето ќе ја имаат екипата на Фудбал Старс од Кочани. Натпревар на кој не би требало да имаме поголеми проблеми, за да обезбедиме пласман во полуфиналето. Таму се очекува да биде многу поинтересно, со оглед дека за противник ќе го имаме победникот од дуелот помеѓу екипите на Шкендија и Фер Плеј. Минатата сезона, токму екипите на Вардар и Фер Плеј играа во големото финале на завршниот турнир, а славеа црвено-црните, кои на крајот се закитија со златниот медал. Натпреварот на Вардар во 1/4 започнува од 10:00 часот, а евентуалното полуфинале ќе има почеток од 16:30 часот.

Генерацијата “2006“ ќе има нов обид оваа сезона да стигне до трофејот во детската лига. Минатата сезона за малку не успеавме кога на пенали бевме совладани од екипата на Албарса. На завршниот турнир во 1/4 за противник го добивме тимот на ГФК Неготини, дуел кој ќе започне од 12:30 часот. Доколку победиме, во полуфиналето одиме на подобриот од мечот, помеѓу екипите на Топ Тим и ЛГ Битола. Овој дуел би се одиграл во сабота од 17:45 часот.

Најинтересно во четвртфиналната рунда ќе биде во генерацијата родени “2007“ година, каде Вардар за противник ја доби екипата на Шкендија од Тетово, натпревар кој во сабота ќе стартува од 10:00 часот. Оваа генерација на Вардар е шампион во последните две сезони и како актуелен бранител на трофејот ќе го започне завршниот турнир. Доколку пак ја елиминираме Шкендија, последната пречка за големото финале, ќе биде победникот од другиот 1/4 меч, во кој се среќаваат екипите на Пелистер и Борец. Евентуалното полуфинаќе својот старт ќе го има од 16:30 часот.

Генерацијата родени “2008“ година е исто така актуелен освојувач на детската лига, врв кој го брани во последните две години. Овој пат во 1/4 за противник го имаме тимот на Ренова, дуелот во сабота ќе започне од 10:00 часот. Доколку победиме, во полуфиналето ќе го чекаме подобриот од мечот, помеѓу екипите на Фљамуртари и Прилеп, кој ќе стартува попладнето од 16:30 часот.