Од вкупно шест младински генерации на фудбалскиот клуб Вардар, само две успеаа да се пласираат во големото финале од купот на Македонија. Тоа се генерациите родени “2004“ година, кои се натпреваруваат во регионалната-скопска лига и генeрацијата “2001“ кои настапуваат во пионерската лига. Познати се нивните противници и последната пречка за освојување на трофејот во ова натпреварување, како и термините на одигрување на финалните мечеви кои се закажани за во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори“.
Иззбраниците на Игор Кралевски, генерацијата “2004“ во големото финале на купот ќе играат против екипата на Шкендија. Оваа сезона одигравме два натпревари против тимот од Тетово, на кои забележавме две победи, од кои втората беше многу убедлива и изразена со голема разлика. Двата меча беа одиграни на теренот на Академијата и тоа првиот во есенскиот дел, кој вардарци го добија минимално со резултат 1:0, додека вториот меѓусебен натпревар на овие екипи повторно му припадна на Вардар, тој во пролетниот дел од сезоната кој Вардар го доби со висок резултат од 9:1. Двете екипи покрај финалниот меч во купот, до крајот на сезоната треба да одиграат уште еден натпревар и тоа во рамките на последното коло од регионалната-скопска лига. По она што го видовме на двата натпревари, избраниците на Кралевски се фаворити за освојување на трофејот во купот, ако се земе во предвид и големата бодовна предност на Вардар пред Шкендија, во регионалната скопска лига, која изнесува дури 24 бодови повеќе освоија црвено-црните од пртоивникот. Сепак ова е финале, а таму нема изразити и големи фаворити. Оваа генерација предводена од Кралевски веќе ја осигура шампионската титула во лигата, а ова е можност да стигне и до двојната титула.
Каков беше патот на генерација “2004“ до големото финале:
1/8: Вардар – Пелистер 7:0
1/4: Милано – Вардар 1:1
1/4: Вардар – Милано 8:0
1/2: Фер Плеј – Вардар 0:4
1/2: Вардар – Фер Плеј 9:1
Вардар и Шкедија финалниот меч ќе го одиграат на 17-ти мај, со почеток од 10:00 часот
Пионерите на ФК Вардар во големото финале на купот ќе играат против екипата на Академија Пандев. Црвено-црните имаат позитивен биланс во дуелите со струмичани во оваа натпреварувачка сезона. Одигравме три меѓусебни натпревари со А.Пандев и сите завршија во наша корист. На гостувањето во Струмица успеавме на два пати да го совладаме противникот и тоа убедливо со резултати 1:3 и 0:3, додека на домашен терен исто така Вардар беше убедлив триумфирајќи со резултат 3:0. Вардар подобро стои и на табелата во првенството, каде по 23 одиграни кола имаат двоцифрена предност пред екипата на А.Пандев.
Патот за пионерите на ФК Вардар до големото финале во купот:
1/4: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:2
1/4: Вардар – Македонија Ѓ.П 3:1
1/2: Вардар – Пелистер 1:0
1/2: Пелистер - Вардар 0:3
Академија Пандев во полуфиналето на купот ја елиминираше екипата на Шкендија. Големото финале помеѓу Вардар и А.Пандев е закажано за на 16-ти мај со почеток од 17:00 часот.