Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Преглед на 4.коло во младинските фудбалски лиги, пионерите единствени кои се лидери од вардаровите генерации
Преглед на 4.коло во младинските фудбалски лиги, пионерите единствени кои се лидери од вардаровите генерации

Преглед на 4.коло во младинските фудбалски лиги, пионерите единствени кои се лидери од вардаровите генерации

Изминатиов викенд, четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар го одиграа 4.коло во младинските лиги. Противник ни беше екипата на Шкупи, дуели во кои остваривме три победи и еден пораз.

Помладите пионери стигнаа и до третата последователна победа во лигата, откако на домашен терен ја „прегазија“ екипата на Шкупи со резултат 7:0. Тимот на Работнички и после ова коло останува лидер на табелата, откако славеше во дуелот со Еуроспорт, па со максимални 12 бодови се наоѓаат на првата позиција, додека Вардар е втор со 10 освоени бодови.

Пионерите се единствената наша генерација која има максимални 12 бодови после четири одиграни меча. И во ова коло немавме проблеми да стигнеме до нов висок триумф, победувајќи на домашен терен во дуелот со Шкупи (3:0). Во пионерската супер лига на втората позиција е Академија Пандев која има 10 бодови.

Кадетите на Вардар го претрпеа и вториот гостински пораз оваа сезона. Уште во првата минута примивме гол од Шкупи, и тој погодок се покажа како единствен до крајот на мечот. Нашите кадети имаат само 6 бодови после 4 кола, а лидер на табелата е Работнички со 10 бодови, исто толку но со послаба гол разлика на второто место е екипата на Шкендија.

Младинците иако играат со состав во кој преовладуваат играчи родени 2002 година, сепак по 4 кола држат чекор со екипите кои се претеденти за освојување на шампионската титула. Бевме убедливи на гостувањето кај Шкупи 0:3 и на тој начин го забележавме третиот триумф. Во младинската лига, Шкендија е прва со 12 бодови, следат Работнички со 10 и Вардар со 9 бодови.

Следното коло на програмата е дури на 12 и 13.октомври.