Генерацијата на ФК Вардар родени “2007„ година го завршија есенскиот дел од сезоната во детската лига како есенски шампиони. Оваа геенрација која од почетокот на новата сезона ја предводи Горан Петрески се натпреварува со две екипи во лигата. Тие се единствените од вардаровата генерации кои имаат максимален број на освоени боови во есенскиот дел. Одигравме вкупно 20 натпревари на кои забележавме исто толку победи. Допадлив фудбал за око, борбеност и голема желба за победа ја красеше оваа генерација, која не дозволи ниту еден противник да освои ниту еден бод во дуелите со нив.
Вардар (1) одигра 10 мечеви имаше исто толку победи.Успеа постигне дури 81 гол, додека прими само 8. Ова се сите остварени резултати на оваа екипа во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Сарај (1) 7:1
2 коло: Вардар – Еуроспорт 7:1
3 коло: Вардар – Милано 5:2
4 коло: Вардар – Драчево 4:0
5 коло: Вардар – Кул (1) 5:2
6 коло: Вардар – Њу Старс (1) 12:0
7 коло: Вардар – Албарса 8:1
8 коло: Вардар – Скупи 15:0
9 коло: Вардар – Беса 12:1
10 коло: Вардар – Нова Колонија 6:0
Вардар (2) исто така одигра 10 натпревари на кои имаше исто толку победи. Имавме и убедливи и тесни триумфи, но на секој меч бодовите остануваа кај нас. Постигнавме вкупно 56 голови, додека примивме 15 погодоци. Ова се резултатите на Вардар (2) во есенскиот дел:
1 коло: Вардар – Сарај (2) 7:0
2 коло: Вардар – Куманово 3:0
3 коло: Вардар – Викторија 5:3
4 коло: Вардар – Смилковци 9:0
5 коло: Вардар – Кул (2) 4:3
6 коло: Вардар – Њу Старс (2) 3:1
7 коло: Вардар – Албион 3:2
8 коло: Вардар – Шкупи 9:0
9 коло: Вардар – Работнички 4:3
10 коло: Вардар – Форца 9:3