Пионерите нa ФК Вардар го финишираа есенскиот дел од сезоната на шесттото место во првенството и со обезбеден пласман во полуфиналето на купот, каде и ќе ја бараат шансата за освојување на трофеј во оваа натпреварувачка сезона. Сепак никако не смееме да им ги одземеме шансите во борбата за врвот и во лигата, каде имаат девет бодови помалку од лидерот Шкендија. Многу помала можеше да биде оваа бодовна разлика помеѓу Вардар и Шкендија, доколку останавме посконцетрирани до крајот на натпреварите и имавме помалку среќа. Црвено-црните избраници на Сашо Тодоровски имаат дури шест нерешени резултати во овој дел од сезоната, а најмалку на четири дуели бевме во водство и блиску до освојување на трите бодови. Такви беа госстинските натпревари против Ренова и Пелистер, како и домашниот против Шкупи, кога примивме гол речиси во последните минути од натпреварот. Тренерот на оваа генерација, Сашо Тодоровски на стартот од сезоната имаше мали проблеми околу составување на екипата, поради генерациски промени во однос на кои играчи треба да настапуваат во оделни категории на клубот. Можеби затоа на почетокот губевме бодови, но како одминуваше полусезоната, нашите пионери играа се подобро и забележуваа победи. Беа направени и некои рокади во екипата, како и промена на капитенската лента кај оваа генерација, промени кои се покажаа како правилни и позитивни, што се однесува до прикажаната игра и остварените резултати на оваа генерација, момчиња родени “2001“ година.
Во есенскиот дел од сезоната, пионерите на Вардар ги постигнаа следниве резултати:
1 коло: Ренова – Вардар 1:1
2 коло: Работнички – Вардар 1:0
3 коло: Вардар – Шкендија 3:3
4 коло: Академија Пандев – Вардар 1:3
5 коло: Вардар – Шкупи 1:1
6 коло: Пелистер – Вардар 2:2
7 коло: Вардар – Победа 0:1
8 коло: Милано – Вардар 0:5
9 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П. 0:4
10 коло: Вардар – Ренова 3:0
11 коло: Вардар – Работнички 3:0
12 коло: Шкендија – Вардар 3:3
13 коло: Вардар – Академија Пандев 3:0
14 коло: Вардар – Шкупи 0:0
Вардар беше слободен во осминафиналето на купот, додека во четврфиналето полесно од очекувањата ги добивме врсниците од Македонија Ѓ.П и тоа славејќи победа на двата натпревари. Само за потсетување од истиов противник загубивме убедливо на домашен терен во рамките на лигата, за само два дена на теренот на противникот да забележиме значаен триумф во првиот 1/4 меч од купот, резултат кој ни ја олесни работата на реваншот на теренот на Академијата.
1/4 куп: Македонија Ѓ.П. – Вардар 0:2
1/4 куп: Вардар – Македонија Ѓ.П 3:1
Најдобар стрелец во оваа генерација по одигрување на есенскиот дел е Леонид Игнатов, додека второто место му припаѓа на Џемал Ибиши.
1. Леонид Игнатов 6
2. Џемал Ибиши 5
3. Давид Ристовски и Малик Хасановиќ по 4
4. Мартин Спировски, Филип Андоновски, Марио Илиевски, Давид Астарџиев и Бојан Димоски по 2 гола
5. Матеј Николов и Марио Спировски по 1 гол.
Како што споменавме во горниот дел на текстот, Шкендија е првопласирана во оваа возрасна генерација, додека второто место е за тимот на Работнички. Со неколку сврзани победи на стартот од пролетниот дел сигурно дека нашите пионери сериозно ќе фатат приклучок во најгорниот дел на табелата.
1. Шкендија 30
2. Работнички 29
3. Македонија Ѓ.П 27
4. Победа 23
5. Шкупи 22
6. Вардар 21
7. Академија Пандев 17
8. Ренова 12
9. Пелистер АД 11
10. Милано 3