Изминатиов викенд последното 10.есенско коло во детската лига го одиграа четири генерации на Вардар, додека за најмладите вардарци родени “2010„ година останува да се одигра уште едно коло.
Нови две победи забележа генерацијата “2006„ на Филип Спасевски, кои беа подобри во дуелите со екипите на Њу Старс. Вардар (1) убедливо го победи Њу Старс (3) со резултат 12:1, додека Вардар (1) беше подобар од Њу Старс (4) со резултат од 5:1. Вардар (1) го заврши есенскиот дел од сезоната со вкупно девет победи и само еден нерешен резултат, додека Вардар (2) има скор од седум победи, два нерешени резултати и само еден пораз.
Генерацијата “2007„ е единствена од вардаровите која заврши со максимален број на освоени бодови. Вардар (1) го победи тимот на Нова Колонија (6:0), додека Вардар (2) славеше во дуелот со екипата на Форца (9.3). На тој начин избраниците на “Чунга Лунга“ ја финишираа есента со 20 победи од исто толку мечеви во детската лига.
Успешно коло имаше и генерацијата “2008„ на Миле Крстев која оствари исто така две победи. Вардар (1) убедливо го порази Њу Старс (1) со резултат 7:0, додека Вардар (2) беше поуспешен од Њу Старс (2) со резултат 5:2. Вардар (1) има десет победи од исто толку одиграни мечеви, додека Вардар (2) има шест победи, два нерешени резултати и два порази.
По една победа и пораз за избраниците на Зоран Петковски, генерацијата “2009„ во последното есенско коло. Вардар (1) го победи тимот на Њу Старс (1) со резултат 6:1, додека Вардар (2) беше поразен од Албарса со резултат 2:4. Вардар (1) го заврши есенскиот дел со дури девет победи и само еден нерешен резултат, додека Вардар (2) има скор од три победи, еден нерешен резултат и шест порази.
Најмладата генерација “2010„ која ја предводи Стефан Михајлов имаше половичен учинок од една победа и пораз во ова претпоследно коло за нив. Вардар (2) беше поразен од тимот на Милано (1:5), додека Вардар (1) го победи тимот на Њу Јорк со резултат 5:2. Вардар (1) има осум победи и еден нерешен резултат, додека Вардар (2) има шест победи, два порази и еден нерешен резултат.
Од сите споменати натпревари на вардаровите генерации, комплетни извештаи можевте да прочитате на нашиот веб сајт.