Генерацијата 2005 на ФК Вардар успеа да стане шампион во својата дебитантска сезона во рамките на регионалната-скопска лига. Оваа генерација која работеше со два различни тренери успеа на крајот да го освои првото место. Во есенскиот дел нивен предводник беше Сашо Јанев, кој заврши со максимален број на освоени бодови, односно имаше 10 победи на исто толку натпревари. После неговото заминување од клубот, беше направена принудна измена на тренерското место, па Зоран Петковски кој беше тренер на генерацијата 2009, доби можност да ги води вардарци во пролетниот дел од сезоната. Со него успеавме да го задржиме шампионскиот примат, кој го имавме и во есенскиот дел и на крајот да го подигнеме трофејот. Во вториот дел од сезоната имавме и два порази, на гостински терен против Шкендија и Скопје, како и два нерешене резултати, исто така на терените на противниците. Така на 20 одиграни мечеви сезонава забележавме 16 победи, 2 нерешени резутати 2 порази. Имавме позитивна го разлика, со 82 постигнати голови и 23 примени погодоци.
Ова се сите постигнати резултати на генерацијата 2005, за натпреварувачката сезона 2018/19:
1 коло: Вардар – Шкендија 5:0
2 коло: Работнички – Вардар 2:3
3 коло: Вардар – Милано 4:0
4 коло: Њу Старс – Вардар 0:5
5 коло: Вардар – Шкупи 4:2
6 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:3
7 коло: Вардар -Скопје 6:2
8 коло: Форца – Вардар 1:5
9 коло: Вардар – Кул 4:0
10 коло: Драчево Јуниор – Вардар 1:6
11 коло: Шкендија – Вардар 2:1
12 коло: Вардар – Работнички 2:1
13 коло: Милано - Вардар 2:2
14 коло: Вардар – Њу Старс 4:0
15 коло: Шкупи – Вардар 2:2
16 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 13:0
17 коло: Скопје – Вардар 4:2
18 коло: Вардар – Форца 7:1
19 коло: Кул – Вардар 0:1
20 коло: Вардар – Драчево Јуниор 3:2
Не успеавме да ги обединеме трофеите, откако во големото финале на Купот загубивме од екипата на Кул. Иако поведовме во раните минути од мечот, до крајот Кул се покажа како подобар противник и славеше со резултат 1:2. Во претходните рунди немавме многу проблеми, во елиминација на противниците.
Ова се сите остварени резултати во националниот Куп:
1/8 финале: Вардар – Македонија Ѓ.П 3:0 ( службено)
1/4 финале 1 меч: Вардар – Работнички 7:1
1/4 финале 2 меч: Работнички - Вардар 2:0
1/2 финале 1 меч: Шкендија - Вардар 0:3
1/2 финале 2 меч: Вардар – Шкендија 3:1
ФИНАЛЕ: Вардар – Кул Здравје 1:2
Капитенот Никола Величковски е најдобриот стрелец на оваа генерација, во оваа сезона. Во двете натпреварувања, напаѓачот на Вардар имаше постигнато вкупно 24 голови.
Вака изгледа листата на стрелци кај оваа екипа:
1. Никола Величковски 24
2. Матеј Гаштаров и Филип Јовановски по 11 голови
3. Давор Лефковски и Горјан Цветков по 9
4. Тино Спасиќ 8
5. Дарко Сековски 6
6. Кристијан Таневски 4
7. Никола Уневски и Кристијан Антевски по 2
8. Стефан Коловски, Кристијан Галевски, Стефан Наумовски, Лука Јакимовски, Влатко Кулуковски, Стефан Ристовски, Давор Серафимов, Петар Пројковски и Филип Радевски по 1 гол.