Вообичано како секоја, така и на крајот од оваа натпреварувачка сезона правиме преглед за секоја генерација на фудбалскиот клуб Вардар. На ред се вардарците од генерацијата 2009, која беше застапена со две екипи во текот на целата натпреварувачка сезона. Вардар (1) можеби заслужи многу повеќе од пласман во 16-те најдобри екипи, кога испаднаа во осминафиналето од екипата на Постолов. Тоа беше и единствениот пораз за овој тим на Вардар, кој одигра одлична сезона. Да напоменеме дека оваа генерација во есенскиот дел ја предводеше Зоран Петковски, кој во пролетниот дел беше заменет од Илија Колевски, со оглед дека Петковски премина во генерацијата 2005. Како што рековме, Вардар (1) имаше само еден пораз во текот на целата сезона, во која одиграа вкупно 21 натпревар. Имаа 19 победи, само еден нерешен и 1 пораз во 1/8 финалето од екипата на Постолов. Имавме и импресивна гол разлика од 141 постигнат и 22 примени голови.
Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во текот на целата сезона:
1 коло: Вардар – Дрим Тим 7:2
2 коло: Вардар – Куманово 9:1
3 коло: Вардар – Смилковци 16:0
4 коло: Вардар – Милано 1:1
5 коло: Вардар – Сарај 11:0
6 коло: Вардар – Биџо 9:2
7 коло: Вардар – Кул 3:2
8 коло: Вардар – Работнички 7:3
9 коло: Вардар – Скупи 3:1
10 коло: Вардар – Њу Старс (1) 6:1
11 коло: Вардар – Куманово 4:1
12 коло: Вардар – Њу Старс (1) 5:0
13 коло: Вардар – Смилковци 16:0
14 коло: Вардар – Милано 6:1
15 коло: Вардар – Сарај 3:1
16 коло: Вардар – Дрим Тим 9:2
17 коло: Вардар – Кул (1) 9:0
18 коло: Вардар – Работнички ( прекината)
Успешно ја поминавме и елиминациската фаза, во која забележавме три убедливи победи.
Плеј-оф разигрување:
1 коло: Вардар – Албион 10:1
2 коло: Вардар – Дрим Тим 5:0
3 коло: Вардар – Работнички 3:0
Во осминафиналето наидовме на тежок противник, тимот на Постолов кој се покажа како подобар, дуел на кој славеа со резултат 2:3.
Завршен турнир:
1/8 финале: Вардар – Постолов 2:3
Одлична сезона и за Вардар (2) кој се надмина себе си, посебно во оној дел од плеј-оф разигрувањето, кога со три победи успеаа да се пласираат на завршниот турнир. Тие одиграа вкупно 22 натпревари, на кои имаа 11 победи, 1 нерешен и 10 порази.
Ова се постигнатите резултати на Вардар (2) во текот на сезоната:
1 коло: Вардар – Њу Старс (2) 3:5
2 коло: Вардар – Форца 1:6
3 коло: Вардар – Еуроспорт 6:2
4 коло: Вардар – Албион 1:2
5 коло: Вардар – Фамос 6:2
6 коло: Вардар – Драчево 3:5
7 коло: Вардар – Кул (2) 5:0
8 коло: Вардар – Гроздановски 1:4
9 коло: Вардар – Шкупи 5:5
10 коло: Вардар – Албарса 2:4
11 коло: Вардар – Форца 2:7
12 коло: Вардар – Њу Старс (2) 1:о
13 коло: Вардар – Еуроспорт 1:3
14 коло: Вардар – Албион 1:2
15 коло: Вардар – Винер Спорт 0:3
16 коло: Вардар – Албарса 4:0
17 коло: Вардар – Кул (2) 2:1
18 коло: Вардар – Грозданоски 2:1
Лука Грчевски беше двигателот на овој тим во плеј-оф разигрувањето, посебно во дуелот со Њу Старс, кој го добивме после изведување на пенали.
Плеј-оф разигрување:
1 коло: Вардар – Смилковци 9:2
2 коло: Вардар – Спорт Ефе 3:0
3 коло: Вардар – Њу Старс 1:1 ( пенали 3:2)
И оваа екипа немаше среќа со ждрепката во осминафиналето и наиде на Шкендија, која не порази високо, што значеше крај на настапите и за оваа екипа на Вардар.
Завршен турнир:
1/8 финале: Вардар – Шкендија 0:7