Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Преглед на полусезоната за кадетите на ФК Вардар, единствените кои се пласираа во следната фаза од Купот
Преглед на полусезоната за кадетите на ФК Вардар, единствените кои се пласираа во следната фаза од Купот

Преглед на полусезоната за кадетите на ФК Вардар, единствените кои се пласираа во следната фаза од Купот

Преглед на полусезоната за кадетите на ФК Вардар.

Кадетите се наоѓаат на 8.место на табелата со освоени 15 бодови, по комплетирање на есенскиот дел од сезоната во Супер Лигата. На 11 одиграни натпревари оваа генерација забележа 5 победи и 6 порази, без ниту еден нерешен резултат. Гол разликата е 20 постигнати и 19 примени голови.

Кристијан Галевски е најдобар стрелец за кадетите во есенскиот дел со 5 постигнати голови, пред Филип Смиљков кој има 4 погодоци. Во листата на стрелци се запишуваа уште и Хабиб Бектеши со 3, Михаил Танчев со 2, Александар Миовски, Златко Радески, Милош Спасовски, Дамјан Спасовски, Харбин Туша и Давид Цековски со 1 гол.

Кадетите се нашата единствена екипа кои успеаа да се изборат за пласман во 1/4 финалето на Купот, откако ја поминаа првата елиминациска пречка и ја поминаа екипата на Академија Пандев.