Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите на ФК Вардар се лидери без примен гол, останатите генерации држат чекор за првото место
Пионерите на ФК Вардар се лидери без примен гол, останатите генерации држат чекор за првото место

Пионерите на ФК Вардар се лидери без примен гол, останатите генерации држат чекор за првото место

Претстојниов викенд нема да се одиграат натпревари во младинските фудбалски лиги, порази настапи на националните селекции. Ние правиме преглед на првите три одиграни кола за сите генерации на ФК Вардар.

Помладите пионери после нерешениот резултат на стартот од сезоната, против екипата на Шкендија, во следните две кола успеаа да врзат две победи и тоа гостински терен. Избраниците на Тодоровски освоија важни бодови на гостувањата во Прилеп и Битола. После три одиграни кола, лидер во помладата-пионерска супер лига е екипата на Работнички која има максимални 9 освоени бодови. На второто и третото место се наоѓаат екипите на Вардар и Шкендија кои имаат по 7 освоени бодови.

Пионерите имаат фуриозен старт на сезона во пионерската-супер лига. Избраниците на Стефановски се неприкосновени во лигата, со три победи од исто толку натпревари. интересно оваа генерација на Вардар после три одиграни меча нема примено ниту еден гол, додека постигна вкупно 10 голови во противничките мрежи. Вардар е лидер на табелата со 9 бодови, додека на второто место се наоѓа тимот на Академија Пандев со 7 бодови. По 6 освоени бодови имаат екипите на Шкендија, Шкупи и Работнички.

Кадетите и младинците на Деспотовски по три одиграни кола успеаа да освојат по шест бодови. И двете генерации на Вардар славеа во дуелите со екипите на Победа и Пелистер, додека загубија на гостувањето кај екипата на Шкендија.

Во кадетската-супер лига, лидер е тимот на Академија Пандев со максимални 9 освоени бодови. На второто и третото место се наоѓаат Работнички и Шкендија со по 7 бодови, додека Вардар е трет со 6 бодови.

Шкендија е прва во младинската лига со 9 бодови, Работнички е втор со 7, додека Вардар е на третата позиција со 6 бодови.

Во средата, пионерските екипи успеаа да ја поминат првата пречка во Купот, со победите над Милано и да се пласираат во 1/4 финалето, додека кадетите и младинците беа слободни.