Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Преглед на одиграната сезона за младинската екипа на ФК Вардар
Преглед на одиграната сезона за младинската екипа на ФК Вардар

Преглед на одиграната сезона за младинската екипа на ФК Вардар

Правиме преглед на изминатата сезона за младинците, кои завршија на 4.место во младинската Супер Лигата. Екипата за која настапуваа играчи родени 2005, па и 2006 година може да се каже дека имаше добар пласман на крајот од сезоната. Освоивме вкупно 43 бодови, со 14 победи, само 1 нерешен резултат и 7 порази, за да завршиме на четвртото место на табелата. Постигнавме 40, додека примивме 29 голови.

 Тино Спасиќ беше најдобар стрелец на младинците со 6 постигнати голови, додека второто место е за играчот кој не е веќе дел од Вардар, се работи за Никола Величковски кој во пролетниот дел го напушти Вардар, но со 5 погодоци го завзема второто место на листата на најдобри стрелци. За младинскиот тим сезонава голови постигнуваа уште и Филип Јовановски, Огнен Здравковски, Михаил Кузмановски (4), Горјан Цветков, Левент Ибраим (3), Максим Бундалески, Виктор Стефановиќ, Марко Стојилевски, Никола Уневски (2), Нуман Ајетовиќ, Ѓорѓи Дошев, Рами Рахми, Зоран Фидановски и Сандро Каровски (1).

Натреварите во Купот ги завршивме уште во 1/8 кога на единствениот натпревар одигран во Прилеп, бевме поразени од Победа со резултат 2:1. Стрелец на единствениот гол за нас беше Марко Стојилевски.