Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Лоша сезона за пионерите на Вардар, преглед на постигнатото во сезоната која не финишираше
Лоша сезона за пионерите на Вардар, преглед на постигнатото во сезоната која не финишираше

Лоша сезона за пионерите на Вардар, преглед на постигнатото во сезоната која не финишираше

Во следниов текст правиме преглед на резултатите и за пионерите на ФК Вардар. Оваа генерација која влезе драстично ослабена, пред се во пролетниот дел од сезоната беше позиционирана на петтото место на табелата во моментот кога се прекина сезоната. Одигравме вкупно 14 натпревари, на кои имавме 7 победи, 1 нерешен резултат и 6 порази. Гол разликата беше 27 постигнати и 19 примени голови за вардаровите пионери, кои држеа чекор до врвот само во есенскиот дел од натпреварувачката сезона кога завршија на второто место. Во вториот дел од сезоната имавме само две победи, еден нерешен резултат и четири порази.

Сите остварени резултати за пионерите на ФК Вардар:

1 коло: Куманово Еуроспорт – Вардар  0:3

2 коло: Вардар – Ренова  2:1

3 коло: Шкендија – Вардар  2:1

4 коло: Вардар – Работнички  4:5

5 коло: Брегалница - Вардар  0:3

6 коло: Њу Старс – Вардар  0:2

7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  5:0

8 коло: Шкупи – Вардар  0:1

9 коло: Вардар – Академија Пандев  1:2

10 коло: Пелистер – Вардар  1:0

11 коло: Вардар – Победа  1:2

12 коло: Вардар – Куманово Еуроспорт  2:0

13 коло: Ренова -Вардар  5:1

14 коло: Вардар – Шкендија  1:1

Табелата во пионерската лига после 14 одиграни натпревари

pionerivardar1-1

Во Купот бевме елиминирани во 1/4 финалето од екипата на Работнички. Се одигра само еден натпревар на теренот на „Алумина“ кој го доби градскиот ривал со резултат 2:1.

Немаше ниту изрази стрелец во оваа „ослабена“ генерација на Вардар. Од играчите кои се најдоа на листата на стрелци, неколку заминаа после завршување на првиот дел од сезоната.

1. Теодор Перковски, Левент Ибраим и Огнен Здравковски -3

2. Давид Љушев, Горазд Попов, Димитар Стоимов и Стефан Стојановски -2

3. Сандро Каровски, Алтин Алији, Лука Ивановски, Михаил Јаневски, Михаил Кузмановски, Максим Милошевски и Кристијан Таневски -1