Фудбалскиот клуб на Вардар утре со почеток од 11 часот во пресконференциската сала на спортскиот центар Јане Садански ќе одржи прес-конференција, по повод почетокот на пролетниот дел од сезоната во “Вардар Јуниор“ лигата. Најновиот проект на Вардар зема се поголем замав низ цела Македонија, во овој дел од сезоната ќе се приклучат и екипи од Пробиштип, Прилеп и Велес. Ќе бидат презентирани и новите планови и проекти во врска со оваа лига.
Пред медиумите ќе се обратат господинот Самоил Симев ( директор), Кирил Кироски (заменик директор), Павел Неделковски( координатор на “Јуниор“ лигата) и Александар Васоски ( помошен тренер на ФК Вардар).
Клубот ги поканува сите медиуми да присуствуваат на оваа конференција.