Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Претстојниов викенд, младинските категории на ФК Вардар ќе одиграат контролни натпревари
Претстојниов викенд, младинските категории на ФК Вардар ќе одиграат контролни натпревари

Претстојниов викенд, младинските категории на ФК Вардар ќе одиграат контролни натпревари

Младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар претстојниов викенд ќе одиграат нови контролни натпревари, како подготовка за пролетниот дел од сезоната.

Помладите пионери во сабота на теренот на Академијата со почеток од 12:00 часот ќе одиграат пријателски натпревар со екипата на Работнички. Пионерите на Вардар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе ги одмерат силите со македонската репрезентација до 17 години, односно играчи кои се родени „2003“ година. Овој дуел ќе се одигра во сабота со почеток од 14:00 часот.

Кадетите и младинците на Вардар пак ќе одиграат меѓусебен контролен дуел, кој е закажан за во сабота со почеток од 10:00 часот.

Активни претстојниов викенд ќе бидат и генерацијата на Вардар родени „2004“ година, кои во недела на теренот на Академијата ќе ја пречекаат екипата на Шкупи, на исто така контролен натпревар, чиј старт е закажан од 10:00 часот.