Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре против Македонија ЃП
Вардар утре против Македонија ЃП

Вардар утре против Македонија ЃП

Вардарци утре ќе одиграат пријателски дуел против новиот прволигаш, тимот на Македонија ЃП. Овој натпревар според нашите информации треба да биде одигран на теренот на Македонија ЃП во населбата Ѓорче, а времето на одигрување го чекаме од официјалниот сајт на нашиот клуб.

Според плановите на Седлоски, утре ќе настапи една екипа на Вардар, а сите останати кои нема да добијат шанса на утрешниот натпревар, ќе добијат шанса за докажување во понеделник, против тимот на Еуромилк. Овие два натпревари ќе бидат последен тест за нашите играчи пред стартот на новата сезона, која започнува идната недела (7 август) против Слога од Чаир.