Поради оток на ногата добиен во последните минути од дуелот со Македонија ЃП, неизвесно е дали еден од најдобрите играчи на лидерот ќе може да настапи в среда против Борец од Велес.
Секако оваа вест е уште една од низата лоши за Ваососки. Токму со Ѓорче недостасуваа двајцата искусни и стандардни првотимци Новак и Жуниор, а сега тоа може да биде и Владица Брдаровски.
Жуниор од друга страна треба да биде подготвен за настап в среда, а со Новак сеуште не е познато. Ибиши останува во аут и на овој дуел.
Дуелот помеѓу Вардар и Борец се игра в среда со почеток од 14 и 30 часот на Градски.