Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Капитенот на Малме се повреди, нема да игра против Вардар?
Капитенот на Малме се повреди, нема да игра против Вардар?

Капитенот на Малме се повреди, нема да игра против Вардар?

Шампионот на Шведска се соочува со сериозни проблеми пред двомечот со Вардар. На вчерашниот натпревар на Малме против АФК Ескулистуна во 10 минута од натпреварот поради повреда теренот го напушти најискусниот и капитенот на Малме, Маркус Розенберг.

Розенберг според неофицијални информации го повредил бутниот мускул. Доколку станува збор за ваква повреда, капитенот на Малме со сигурност нема да настапи на дуелот во Шведска.

Малме овој натпревар го доби со резултат 3:2, на полувреме губеше со 1:2 од последнопласираниот тим во шведската лига.