Во неделата се одигра четвртото коло во таканаречената “Вардар лига“. Во оваа лига се натпреваруваат девет екипи, меѓу кои и фудбалските генерации на Вардар. После Охрид, Куманово и Штип, оваа лига продолжи во Виница, каде се одиграа три натпревари.
Во ова четврто коло настапија генерациите на Вардар родени “2004“ , “2005“ и “2006“ . Противници на сите наши екипи беше домаќинот Слога од Виница. Тие заедно со екипата на Фк Мал Ајакс од Штип се во склоп на фудбалскиот клуб Вардар во овој нов проект.
Ви ги презентираме сите нивни резултати во четврото коло на Вардар-лигата:
-Слога( Виница) – Фк Вардар “2004’ 1:5 – Георг Стојановски(2), Огнен Здравковски, Горазд Попов и Лука Ивановски.
-Слога(Виница) – Фк Вардар “2005“ 0:7 -Никола Величковски (3) ,Лука Јакимовски (2), Симче Здравковски, Матеј Николовски.
Слога(Виница) - Фк Вардар “2006“ 0:10