Денес на акдемијата се одигра седмото коло во регионалната скопска лига, помеѓу ФК Вардар и Њу Старс кај генерациите родени “2003“ година. Поуспешни беа црвено-црните кои славеа со резултат 2:1
Тренерот Трајановски започна со следните 11-сетмина: Стојковски, Ѓорѓовски, Трпезановски, Мешковски, Давидовски,, Сељанац, Андреев, Прелоговски, Петрушевски, Мирков Андрески.
Првиот обид кон противничкиот гол го имаше Антонио Мирков кој биеше покрај голот, од претходно нафрлена топка. Вардарци имаа поголем посед на топка, обидувајќи се да создадат поголема шанса за постигнување на гол. Удар упати и капитенот Давидовски, но само во рацете на голманот. Следен кој се обиде беше Марио Петрушевски, кој шутираше високо над голот на Њу Старс. Уште еднаш се закани Петар Давидовски, но безопасно кон голот на противникот. Сепак Вардар успева да го отвори резулатот и да поведе со 1:0 со голот на Лео Андрески . Од деснаа страна топка нафрли Мирков, која стигна до Лео Андрески , овој бие прецизно за водство. Случаен гол за Њу Старс, еден од нивните играчи се реши да упати директен удар кон нашиот гол, Лука Стојковски беше доста излезен од својот простор и беше совладан за израмнување на резултатот на 1:1. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме, за одбележување во овој дел од мечот е замената во нашиот состав. Поради повреда теренот го напушти Прелоговски, на негово место влезе Бошевски.
Нова измена на стартот на второто полувреме. Во игра влегува Иван Пашариковски, на местото на Марио Петрушевски. Во првите пет минути од вториот дел успеваме да поведеме со 2:1. Стрелец на голот е повторно Лео Андрески. Идентичен погодок како и во првиот дел, повторно асистент беше Мирков кој нафрли од десната страна, Андрески небранет од никого ја сместува топката во мрежата, за нова предност на црвено-црните. Нова шанса за Вардар, нафрлена топка од корнер која стигна до Давидовски, но голманот на Њу Старс спасува гол во неговата мрежа. Нови две измени во нашите редови. Во игра влегоа Петре Тасески и Бојан Петковски, на местото на Андреев и Сељанац. Шанса повторно имаше Давидовски, но топката излегува во корнер, што беше трет за екипата на Њу Старс. Од скратен корнер се обиде Лука Стојковски, но брани противничкиот чувар на мрежата. Од истово место во два наврати не успеа ниту Антонио Мирков. Тренерот Трајановски ја смени речиси цела постава. Во игра влегоа Јаневски, Јовчев и Петковски, додека излегоа Давидовски, Стојковски и Трпезановски. Нов обид на Антонио Мирков од голема далечина, за малку покрај противничкиот гол. Натпреварот заврши со резултат 2:1.
Ова беше седма победа од исто толку одиграни натпревари за оваа Вардарова генерација, која останува со максимален број на освоени бодови во регионалната лига и лидерско место на табелата.