Денес продолжија натпреварите во детската лига, каде се одигра десеттото коло. Ништо ново, што се однесува на настапите за Вардаровите генерации. Тие продолжуваат во едно силно темпо да остваруваат добри резултати. Продолжува серијата на победи за генерациите родени “2002“ и “2003“ година, кои сеуште нема противник кој може да ги победи.
Највозрасната Вардарова генерација која се натпреварува во детската лига, момчињата родени “2002“ година во денешното коло за противник ја имаа екипата на Милано. Се работи за квалитетен тим, кој денес пружи одлична игра, но сепак на крајот се радуваа црвено-црните. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:1. По првото полувреме ниедна од екипите немаа предност, на одмор се замина со нерешени 1:1. Сепак во вториот дел дојде до израз квалитетот кој несомнено беше на наша страна. Дамјан Трајановски и Марио Илиевски беа стрелци на головите за нашиот состав, за конечен триумф. Оваа генерација има максимален учинок, оваа сезона во детската лига. Да напоменеме дека од следната натпреварувачка сезона ќе настапуваат во домашното првенство и куп, како помлади пионери.
Успешен ден и за избраниците на Ане Андоновски, генерацијата родени “2003“ година беа убедливи во дуелот со тимот на Цементара. Целосна доминација на младите Вардарци, кои го контролираа натпреварот и заслужено на крајот триумфираа. Конечниот резултат гласеше 4:0. Само по првото полувреме имаше резултатска незивеснот, кога имавме водство само од 1:0, иако имавме шанси таа предност да биде поголема. Тоа што го пропуштивме во првото, максимално го искористивме во второто полувреме. Со уште три погодоци ја запечативме суднината на противничката екипа. Иван Пашариковски постигна два гола, по еден дело на Андреј Стојчевски и Дамјан Ќосески. Вкупно десетта победа од исто толку одиграни натпревари за оваа генерација.