Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Селтик, Партизан, Динамо Загреб, Лудогорец… можни противници на ВАРДАР

Селтик, Партизан, Динамо Загреб, Лудогорец… можни противници на ВАРДАР

Големи великани, и шампиони на своите земји се можни противници на нашиот ФК Вардар ова лето во квалификациите од Лигата на Шампионите.
Селтик, Партизан, Лудогорец, Динамо Загреб, Бате, Макаби, Молде Марибор, Карабах, Хелсинки, Видеотон, и уште неколку, кој сеуште не се познати, се носителите во нашата група, кој можат да бидат можни противници.

Секако дека од овие учесници, најпосакувани се тимовите на: Карабах, Хелсинки, Видеотон, Молде… но останува да видиме, каква ќе ни биде среќата. Сите знаеме дека во изминатите две учества пред неколку години  противници на Вардарци беа тимовите на Бате од Борисов, кој за малку се спаси од елиминација, и тимот на Стеауа од Романија, кој беше надмоќен противник за наши услови.

Инаку ждребот е закажан за 22 јуни, додека пак првите натпревари ќе се одиграат на 14/15 јули, додека пак реваншите една седмица подоцна.
Сакаме долго Европско лето за ФК Вардар!
Фото: фквардар.мк