Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Можните противници за кадетите и младинците на ФК Вардар, во 1/2 финалето на Купот
Можните противници за кадетите и младинците на ФК Вардар, во 1/2 финалето на Купот

Можните противници за кадетите и младинците на ФК Вардар, во 1/2 финалето на Купот

Кадетите и младинците на ФК Вардар го комплетираа успешниот настап во Купот и успеаа да се пласираат во 1/2 финалето на ова натпреварување.

Вардаровите кадети направија голем подвиг и успеаа на домашен терен да ја елиминираат екипата на Работнички, додека младинците триумфираа на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П.

Резултати од 1/4 финалето за кадети:

Македонија Ѓ.П – Шкендија  2:2  ( пенали 2:3)

Пелистер – Шкупи  0:2

Вардар – Работнички  0:0  ( пенали 4:2)

Академија Пандев – Победа  1:2

Покрај Вардар, пласман во полуфиналето обезбедија и екипите на Шкендија, Шкупи и Победа.

Резултати од 1/4 финалето за младинци:

Шкупи – Работнички  3:1

Академија Пандев – Победа  2:0

Брегалница – Шкендија  1:2

Македонија Ѓ.П – Вардар  0:2

Можни противници за Вардар во следната рунда се екипите на Шкупи, А.Пандев и Шкендија.