Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Прва домашна победа за пионерите на ФК Вардар, со три погодоци во првото полувреме совладана екипата на Ренова
Прва домашна победа за пионерите на ФК Вардар, со три погодоци во првото полувреме совладана екипата на Ренова

Прва домашна победа за пионерите на ФК Вардар, со три погодоци во првото полувреме совладана екипата на Ренова

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до својата трета победа во првенството, а прва на домашен терен. Избраниците на Сашо Тодоровски денес на теренот на академијата ја совладаа екипата на Ренова со резултат 3:0, со голови во првото полувреме.

ФК Вардар: Андов, Ѓурковски, Манасиевски, Николов, Мартин Спировски, Илиевски, Андоновски, Димоски, Хасановиќ, Ибиши, Игнатов

Уште од првата минута на натпреварот започнаве офанзивно кон голот на Ренова. Вардарци успеаа да го отворат резултатот со погодокот на Џемал Ибиши, кој погоди за водство од 1:0. По постигнување на голот, во добра шанса се најде и Малик Хасановиќ, но многу чекаше во завршниот удар, противничкиот голман му влезе во шут и исфрли во корнер. Продолживме со притисок на противничката половина, од левата страна центар шут упати Игнатов, но не се снајде најдобро Хасановиќ и оваа прилика остана неискористена. Црвено-црните имаа можност да го зголемат резултатот, по нафрлена топка од десната страна на Спировски, која стигна до Хасановиќ, кој со глава ја погоди стативата од голот на Ренова.

2

Конечно успеваме да зголемиме, откако по грешка на противничкот чувар на мрежата, кој не ја исфрли топката од својот шеснаесетник, истата стигна до Хасановиќ кој ја префрли со глава, а краен реализатор беше повторно Ибиши, кој со својот втор гол го зголеми резултатот на 2:0. Конечно се закани и противникот кон нашиот гол, но Матеј Андов имаше одлична одбрана и спаси намалување на резулатот. Затоа вднаш казнува бекот Матеј Николов, кој сам продре од десната страна шутираше и погоди за водство од 3:0. До крајот на првото полувреме за обдлежување е ударот на Филип Андоновски, кој заврши над голот. На одмор се замина со водство на Вардар од 3:0.

3

На стартот на вториот дел беа направени две измени. Од игра излегоа Игнатов и Илиевски, а влегоа Цури и Ристовски. Токму нововлезениот Давид Ристовски го имаше првиот удар во второто полувреме, кој заврши над голот на Ренова. Противникот речиси и да не направи ништо посериозно кон нашиот гол, додека високото водство на Вардар му овозоможи полесно да игра на теренот. Тренерот Тодоровски направи уште пет измени. Теренот го напуштија Андов, Андоновски, Хасановиќ, Спировски и Николов, додека во игра влегоа Стојковски, Хасиќ, Марио Спировски, Кртовски и Апостоловски.

4

Во вториот дел немаше некоја поголема прилика за нов гол, освен шансата на Хасиќ, чиј удар од непорсредна близина го скроти противничкиот голман. На тој начин натпреварот заврши со конечен резултат од 3:0.

Ова беше прва домашна победа за пионерите во новата сезона, а вкупно трета. Втора последователна, ако се земе во предвид и триумфот во купот против екипата на Македонија Ѓ.П на гостински терен.