Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2002“ година, денеска ги започна натпреварите на меморијалниот турнир “Филип Лазаревски 2018“
Тренерот Тодоровски Сашо дуелот го започна со овој состав: Величковски, Крстевски, Сељанац, Гугуљанов, Ѓорѓоски, Стојановски К. Костовски, Андрески, Фазлиу, Демири, Стојановски Г.
Влегоа уште: Симев, Станковски, Ѓорѓиевски, Мирков и Ринор
Нашите играчи отворија добро и славеа победа со резултат 2:0 (0:0) над тимот на ФК Беласица. Првиот дел мина без погодоци на двете страни, иако Вардар имаше повеќе од играта и шанси, сепак на одмор се замина со почетните 0:0.
Во вториот дел младиот состав на Вардар го скрши отпорот на противникот и успеа да дојде до триумф, стрелец на двата гола беше Георг Стојановски. Со оваа победа Вардар ги запиша првите три бода на турнирот.