Во недела, Вардар гостува кај екипата на Академија Пандев, во рамките на 28.коло од ПМФЛ. Уште еден важен натпревар за црвено-црните во борбата за опстанок во најсилната македонска лига.
ФФМ ги делегираше судиите за неделниот натпревар во Струмица, а за главен делител на правдата е одреден, Крумислав Ѓоргиев од Штип, додека негови помошници ќе бидат Никола Караколев (Штип) и Кристијан Џонов (Штип).
Натпреварот во недела ќе се одигра на Спортскиот центар „ПАНДЕВ“Струмица со почеток од 13:00 часот.
ФОТО: Вардар – фото галерија