Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Работнички недостоен противник за пионерите на Фк Вардар
Работнички недостоен противник за пионерите на Фк Вардар

Работнички недостоен противник за пионерите на Фк Вардар

Пионерите на Фк Вардар не застануваат со успешни настапи, дури кога се работи и за пријателски натпревари. Избраниците на Сашо Тодоровски на контролен меч ги одмерија силите со своите врсници од Работнички. Натпреварот се одигра во Ѓорче и заврши со убедлива победа на Вардарци, со конечен резултат од 4:о. Марко Ѓоргиевски постигна два гола, по еднаш во листата на стрелци се запишаа Драган Димитровски и Никола Џурџу.

Одличен натпревар за нашите надежи, кои на вистински начин ја искористуваат паузата во домашното првенство и куп. Без олабавување тргнаа да атакуваат на противничкиот гол уште од првите минути. Играта главно се одвиваше на половината на Работнички, која вроди со плод уште по првиот дел кога имавме водство од 2:0. Марко Ѓоргиевски влегува во гол серија, откако на претходниот пријателски меч со Борец постигна три гола. Шанса за настап добија играчите, кои имаа помала минутажа во првенството. Тоа го искористија Драган Димитровски и Никола Џурџу да се запишат во листата на стрелци. Доминантна игра на Вардар во текот на целиот меч, со уште неколку прилики за постигнување гол.

Ова е втора победа во подготвителниот период за пионерите на Вардар. Претходно издвојуваа триумф на гостувањето во Велес, против екипата на Борец.