Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Работнички го победи Вардар, на првиот полуфинален меч од купот кај помладите пионери
Работнички го победи Вардар, на првиот полуфинален меч од купот кај помладите пионери

Работнички го победи Вардар, на првиот полуфинален меч од купот кај помладите пионери

Денес на теренот на Академијата се одигра првиот полуфинален натпревар во рамките на купот, кај генерацијата родени “2002“ година. Во него се сретнаа екипите на Вардар и Работнички, а противникот со предност од 2:3 ќе го започне реваншот на нивниот терен.

По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0, додека сите голови паднаа во вториот дел. Гостинската екипа успеа прва да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, а вториот гол ист така падна во нашата мрежа, за зголемено водство од 0:2. Резултаска рамнотежа воспостави Азер Омерагиќ, кој го намали резултатот на 1:2, но во следните минути, тимот на Работнички ја враќа разликата од два погодоци и зголеми на 1:3. За да биде поинтересен реваншот на Алумина се погрижи по втор пат на денешниот дуел, Азер Омерагиќ кој го намали резултатот на 2:3, што беше и конечен на овој меч.

Ова беше прв триумф за Работнички во меѓусебните дуели со Вардар, во оваа натпреварувачка сезона. Ништо се уште не е загубено за избраниците на Тодоровски, кои ќе атакуваат на триумф на реваншот и ќе се обидат да стигнат до финалето на купот.