Во недела свои први натпревари од пролетниот дел ќе одиграат пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Противник ќе ни биде екипата на Работнички. Натпреварите ќе се одиграат на теренот на Алумина. Помладите пионери својот меч ќе го започнат од 10 часот, додека пионерите ќе стартуваат од 12 часот. На првиот меч одигран на Локомотива во есенскиот дел, пионерите на ФК Вардар издвојуваа минимална победа со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше капитенот Елвир Рамиќ. Црвено-црните се наоѓаат на второто место на табелата, со само еден бод заостанување зад првопласираниот тим на Шкупи. Во пресрет на дербито со Работнички, капитенот на Вардарци Рамиќ најавува дека неговата екипа оди секогаш на триумф.
- Прво да напоменам дека Вардар секогаш се бори за првото место. Само победа доаѓа во предвид против Работнички. Немаме право веќе на кикс, сепак тоа е дерби нема да биде лесно ке излеземе на терен со поголема желба за победа, храброст и борба за секоја топка. Воопшто не е битно кој ќе постигне гол важно е да излеземе како победници, на крајот од натпреварот. Во одлична форма сме треба да го покажеме тоа и во дуелот со Работнички и да продолжиме да победуваме и да застанеме на лидерска позиција, изјави Елвир Рамиќ за нашиот сајт.
Звонко Ивановски