Верувале или не, тимот на Вардар има само три победи оваа пролет. Звучи неверојатно кога е во прашање бренд каков што е ФК Вардар…
За жал податоците го кажуваат следново: Пролетниот дел на шампионатот во Македонија започна на 14/02 со дербито Шкендија – Вардар во Тетово кое заврши 1:1. Oд тогаш па се до ден денес ФК Вардар одигра уште вкупно 15 средби, од овие дуели доби само три и тоа две на домашен терен против Победа со резултат 3:0 и Ренова 1:0, како и единствената победа нагости кај Силекс со резултат 0:2.
Па така со овие само три добиени дуели на вкупно 16 натпревари, Вардар може да биде и задоволен што останува на втората позиција на табелата на две кола пред крајот.