Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар редат победи на контролките
Пионерите на ФК Вардар редат победи на контролките

Пионерите на ФК Вардар редат победи на контролките

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар го одиграа третиот контролен натпревар на подготовките во Струга. После победите против екипите на Фламуртари и Пелистер, избраниците на Сашо Тодоровски забележаа уште еден триумф во дуелот со екипата на Истреви од Охрид. Со зелено-белите од Битола однесовме победа 2-1, а со тимот на Фљамуртари триумфиравме со високи 8-0.

13237630_1042436832501619_81343303611744212_n

Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:3. По првиот дел резултатот беше 4:1 во корист на црвено-црните, по што тренерот Тодоровски реши да ја смени цела прва постава, освен капитенот Елвир Рамиќ, кој успеа да се запише во листата на стрелци. Во вториот дел, противникот успеа да постигне два погодици и да го ублажи поразот. Стрелци на головите за Вардар беа Марко Ѓорѓиевски (2),  Јакуп Бериша и Елвир Рамиќ. Екипата останува во Струга до 5-ти август по што се враќа во Скопје.