Викендов, во рамките на 7.коло во Регионалната-Скопска Лига, генер. 2007 на ФК Вардар одигра дуел со екипата на Форца. По договор на клубовите, Вардар беше условно „гостин“ на спортскиот комплекс во населбата Хиподром. На оваа средба избраниците на Влатко Колев дојдоа до висока победа со резултат 9-0 (8-0).