Во недела ќе се одигра 10 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Следен предизвик за Вардаровите екипи, е тимот на Ренова. Помладите пионери и пионери гостуваат во Боговиње, додека кадетите и младинци се домаќини на теренот на локомотива.
-Помладите пионери се наоѓаат во одлична победничка серија, која се очекува да продолжи и во недела. Избраниците на Сашо Јанев веќе го обезбедија приматот есенски шампион. Во претходното 9 коло го добија дерби дуелот против екипата на Металург, со резултат 1:0 со гол во последната минута. Младите Вардарци се фаворити пред овој меч, а таа улога треба да се потврди и на теренот. Натпреварот ќе се одигра во недела со почеток од 11 часот.
-Пионерите исто така во победнички ритам го дочекуваат дуелот против своите врсници од Ренова. Оваа генерација има две последователни победи, од кои една е во купот на Македонија. Пионерите се во борба за првата позиција на табелата, со тоа и обезбедување на есенската титула. Од тука и важноста на овој меч за нашите надежи. Овој дуел ќе се игра од 13 часот на теренот во Боговиње.
-Кадетите и младинците ќе се обидат да ги заборават поразите во дуелите со Металург и да се вратат на победите во лигата. Токму екипата на Ренова е најдобар предизвик за нашите генерации. Двата меча ќе се одиграат на локомотива, кадетите својот дуел го започнуваат во 10 часот, додека младинците ќе играат во 12 часот.