Младите фудбалски репрезентации на Македонија за кои настапуваат вардарови играчи се активни со одигрување на контролни натпревари.
Македонија У16 и на вториот контролен натпревар против Словенија одигра без победник, овој пат со резултат 1:1. Вардарците, Милош Спасовски и Лука Атанасовски одиграа повторно 90 минути во националниот дрес. Покрај тоа, тие учествуваа во постигнувањето на единствениот гол за Македонија. Милош Спасовски беше стрелец, додека Атанасовски асистент.
Македонија У15 се натпреварува на развојниот турнир на УЕФА, кој се одржува на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Во рамките на 2.коло, нашата репрезентација после изведување на пенали беше поразена од Малезија (2:4), додека натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 1:1. На овој натпревар во стартниот состав се најде играчот на Вардар, Матео Кесиќ, додека во игра влезе и Душан Бојовиќ Заев.
Последното коло на програмата е на 10. септември, Македонија игра со Косово во 16. часот