Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > И Барсегјан, Хамбарџумјан и Џигуари со репрезентативни покани
И Барсегјан, Хамбарџумјан и  Џигуари  со репрезентативни покани

И Барсегјан, Хамбарџумјан и Џигуари со репрезентативни покани

По пристигнувањето на новите покани бројката на репрезентативци кои се поканети од редовите на  Вардар се зголемува. Веќе тројцата фудбалери добија покани да  играат за македонскиот национален тим, уште двајца играчи ќе играат за младата селекција, а сега Тигран Барсегјан, Ховханес Хамбарџумјан и Џамбул Џигуари ќе настапуваат за своите репрезентации во престојниот ФИФА термин на пријателски натпревари.

Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан ќе играат за Ерменија на пријателските натпревари на домашен терен против Белорусија и против Кипар на 9-ти, односно на 13-ти ноември. Џамбул Џиугари, пак, се најде на списокот на селекцијата на Грузија во дуелите исто така против Кипар на 10-ти и против Белорусија на 13-ти ноември.  Висар Муслиу, Бобан Николов и Дарко Велковски ќе играат за сениорската селекција на Македонија против Норвешка, Петар Петковски и Бесар Исени ќе бидат дел од младата репрезентација во мечот со Австрија, додека пет играчи на „црвено-црните“ (Методија Велковски, Филип Антовски, Тодор Тодороски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски) се повикани за репрезентацијата до 19 години за квалификациски турнир. . Бројката на играчи кои ќе играат за националните тимови ќе биде вкупно 13.