Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Росенборг во одлична форма, Бентнер голгетер број еден на тимот
Росенборг во одлична форма, Бентнер голгетер број еден на тимот

Росенборг во одлична форма, Бентнер голгетер број еден на тимот

Противникот на Вардар во 2.коло во Лигата на Европа, тимот на Росенборг, игра во одлична форма во својот шампионат. Норвешкиот тим по 23. одиграни рунди се наоѓа на лидерската позиција на табелата со 50. бодови, или десет повеќе од тимот на Бран.

Вчера Росенборг својата доминација ја покажа на уште еден наврат, како гостин со резултат 0:3 го совлада тимот на Лилестром. Двоен стрелец на овој дуел беше Никлас Бентнер. Данскиот репрезентативец и некогашен член на Арсенал и Јувентус игра во одлична форма, досега има постигнато 14. погодоци што го прави втор стрелец во шампионатот на Норвешка.

Дуелот на Росенборг и Вардар ќе биде одигран во четврток со почеток во 19 часот.