Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Ротација на тренерите кај младите категории на ФК Вардар (петлиња)
Ротација на тренерите кај младите категории на ФК Вардар (петлиња)

Ротација на тренерите кај младите категории на ФК Вардар (петлиња)

Кај младите вардарови категории, петлињата во црвено-црната фудбалска Академија дојде до ротација на тренерските имиња по одлука на раководните лица во истата. Од шест категории само во едната највозрасната останува тренерот, а пак кај другите пет дојде до ротација на тренерите.

Единствено “статус кво“ останува во генерацијата 2002 на ФК Вардар која и понатаму ќе ја води тренерот Петар Ѓорѓиевски, истата  ќе се натпреварува на  силниот меѓународен турнир “Скопје куп“ каде се наоѓаат во групата Б. Затоа овие нашите млади надежи повеќе две недели тренираат на Академијата и напорно се подготвуваат за овој прв предизвик во новата сезона. Другите пет категории вчера тргнаа со новите тренери со првите собири на Академијата. Доверба да водат повозрасни надежи во однос на  минатата година добија Игор Кралевски и Томче Трајановски. Другите тројца тренери Филип Арсовски, Зоран Петковски и Ане Андовски своите фудбалски вештини ќе ги пренесуваат на помлади генерации во однос на минатата натпреварувачка сезона. Црвено-црните одат по теркот на големите европски екипи каде во школите секоја генерација има различен тренер секоја сезона со цел да дечињата да запознаат различен метод на работа што ќе допринесе за нивниот фудбалски развој. Вардарфанс присуствуваше на вчерашните први тренинзи со новите фудбалски педагози и од сите пет тима ќе објави фотогалерии, исто така и од тренингот на младите “чувари на мрежата“ заедно со едно видео од нив, матријалот ќе биде објавен денес и утре. Кај другите четири категории двете пионерски, кадетската и младинската екипа нема да има промена на кормиларите. Тренерите на голмани остануваат да работат со “пулените“ од минатата година. Вака изгледаа спискот на тренери по генерации кај петлињата:

  • Генерација 2002-Петар Ѓорѓиевски ,
  • Генерација 2003-Томче Трајановски,
  • Генерација 2004- Ане Андовски,
  • Генерација 2005- Игор Кралевски,
  • Генерација 2006- Филип Арсовски и
  • Генерација 2007- Зоран Петковски.