Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сакаме Куп титула, сакаме победа во Тетово!
Сакаме Куп титула, сакаме победа во Тетово!

Сакаме Куп титула, сакаме победа во Тетово!

Утре тимот на Вардар ќе одигра натпревар во Тетово против Шкендија во рамките на реванш дуелот од 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Пред овој меч во Тетово сите навивачи на Вардар се едногласни. “Црвено – црната” армија навивачи на Вардар бара утре тимот да излезе со својот најсилен состав, да одигра еден беспрекорен натпревар и да го доведе својот тим во 1/2 финалето.

Со оглед на фактот дека Вардар Куп титула нема освоено веќе подолго време, сите очекуваме утре Јаневски да го изведе својот најдобар тим и да ја победи Шкендија. Доколку Вардар го добие овој утрешен натпревар, ќе има големи шанси да го подигне Куп пехарот, иако потоа би ги очекувале уште нови три натпревари.

Сакаме Куп титула! Напред Вардар.