Wednesday ,24 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > 1/4финалето со Шкендија одлична шанса по 20 години “пост“ да стигнеме до двојната круна
1/4финалето со Шкендија одлична шанса по 20 години “пост“ да стигнеме до двојната круна

1/4финалето со Шкендија одлична шанса по 20 години “пост“ да стигнеме до двојната круна

По нас одлична ждрепка имаше црвено-црниот состав предводен од Гоце Седлоски за следната 1/4 финална рунда во купот на Македонија. За потсетување на вчерашното ждребување во ФФМ за наш противник ја добивме екипата на ФК Шкендија. Во оваа сезона кога работите во македонскиот фудбал се крајно “поларизирани“ помеќу два доминантни тима, повеќе од сигурно е дека победникот во овој дуел ќе има “чист пат“ до круната знајќи го квалитетот кој го поседуваат двата милионски состави.

Вардарци мора да се фокусираат и конечно да обезбедат куп финале од две причини кој се повеќе од јасни за навивачите на најголемиот македонски спортски бренд.  Првата е тоа што последните 4 сезони од како Вардар е на вистинските патеки и освои 3 од 4 домашни круни не успеа ниту да влезе во финалето на купот, а камоли да се закити со двојната круна. Кога сме кај неа вистински дводецениски пост владее на ова, поле последната двојна круна за ФК Вардар е далечната 1995 година. По неа црвено-црните цели дваесет фудбалски сезони не успеаа да ги обединат двете домашни фудбалски титули. Многумина од актуелните посетители на денешните мечеви на црвено-црните и не паметат бидејќи биле премногу мали да се сеќаваат на овој настан од пред 20 години, а дел од нив не биле воопшто ни родени. Вистинска шанса е да се “очисти патот“ до куп трофејот со елиминација на тетовска Шкендија.  Првиот меч е закажан за  25 ноември во 13 часот  на гости, а реваншот е на 2 декември на  Арената „Филип Втори“ со почеток во 13 часот.