Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во сабота се гости на екипата на Сарај, во рамките на 11.коло од регионалната-скопска лига.
Двете генерации на Вардар се големи фаворити за освојување на бодовите во ова коло. Генерацијата 2006 на Вардар има максимални 27 освоени бодови од девет одиграни натпревари, додека екипата на Сарај во оваа категорија се наоѓа на 11.место со вкупно 10 освоени бодови. На девет одиграни меча имаат три победи, еден нерешен резултат и пет порази.
Генерацијата 2005 на Вардар се наоѓа на втората позиција на табелата, додека Сарај е на дното на табелата со само еден освоен бод, па црвено-црните не би требало да имаат проблеми околу освојување на бодовите.
Натпреварите во сабота ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.