Вардарци стигнаа до големи три бода во Охрид. И тоа како големи три бода, бидејќи се беше решено во последната минута од дуелот. Најпрвин Костовски кај Охрид промаши чиста шанса за победа, а на спротивната страна казни Жоглев со одличен погодок за 0:1 во 94. минута и голема радост кај навивачите на Вардар и фудбалерите.
По првиот дел немаше голови во Охрид, а немаше ниту убав фудбал на двете страни. Единствената добра и вистинска шанса во првите 45. минути ја имаше Митев кај Вардар, кој за малку не стрелаше, односно ја погоди пречката од голот на домаќинот и така пропадна оваа супер шанса за Вардар. По оваа шанса, воглавно на двете страни се играше лош фудбал со многу грешки. Вардар ја бараше својата шанса со долги топки упатени од Мицевски, но безуспешно. Домаќинот немаше вистинска закана кон голот на Гачевски во првиот дел.
Во второто полувреме се играше лошо и на двете страни. Вардар пробудаше со долги топки, па и со неколку змаени но остана без креација. Сепак, се се заврши добро по тимот на Вардар пред самиот крај на дуелот. Најпрвин екс играчот на Вардар, Костовски промаши меч топката, а на спротивната страна казни кој друг ако не џокерот Владимир Жоглев за гол вреден три бода и големо славје кај црвено – црните.