Во финалето во таа 1999 година Вардарци го совладаа градскиот ривал Слога Југомагнат со 2:0. Победата на овој натпревар ја најави голот на Ванчо Трајчов во 68. минута, а потоа Артим Шаќири ја запечати победата во финишот од натпреварот.
Во тоа време, нашиот стручен штаб го предводеше рекордерот според одиграните натпревари за првиот тим на Вардар, Кочо Димитровски. Негови соработници беа славните Драги Сетинов (помошен тренер), Момчило Грошев (тренер на голмани) и Бранислав Белевски – Будла (физиотерапевт), додека улогата на спортски директор ја извршуваше Васил Рингов, уште една легенда на нашиот клуб.
Еве како изгледаше билетот за двата натпревари на Вардар одиграни во истиот ден:
Погледнете дел од атмосферата на Градски, големата победа, славјето со Комитите и по некој инцидент доле пред теренот.
Видео: