Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Фенербахче е фаворит, но не секогаш победуваат тие во фудбалот
Седлоски: Фенербахче е фаворит, но не секогаш победуваат тие во фудбалот

Седлоски: Фенербахче е фаворит, но не секогаш победуваат тие во фудбалот

Фенербахче е последната пречка за Вардар, кон историскиот успех и пласман во групната фаза од лигата на Европа. Црвено-црните се подготвуваат за овој двомеч, каде ќе се обидат да го елиминираат турскиот гигант и да станат првата екипа од Македонија, која се пласирала во групната фаза од европските натпреварувања. Првиот дуел е закажан за на 17-ти август, на арената “Филип Втори„, додека реваншот се игра една недела подоцна во Турција. Во пресрет на двата натпревари со Фенербахче, шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски изјави дека противникот е фаворит, но дека не секогаш тие победуваат во фудбалот.

-Фенербахче  е екипа која рсполага со добри играчи, некои од нив се важни за тимот. Многу ги почитувам, но и Вардар е добар тим. Имавме многу добри четири натпревари во Европа оваа сезона. Ги гледав мечевите со Штурм Грац и Каљари и добро го анализирав противникот. Ги знаеме нивните добри и лоши страни. Фенербахче е солиден тим, но во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите.