Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФОТО: Чудни се фудбалските патишта
ФОТО: Чудни се фудбалските патишта

ФОТО: Чудни се фудбалските патишта

Чудни се фудбалските патишта.. Во 2012 година на Градскиот стадион во Скопје како дете се „молеше” својот Вардар да му даде гол на Бате Борисов, а денеска ја предводи одбраната на тимот заедно со Евгениј Новак.

Станува збор за младиот 19-годишен стопер Никола Серафимов кој што потекнува од фудбалската школа на тимот, а во минатата сезона мина како позајмен играч на Брегалница. Серафимов одигра одличен натпревар вчера, па сигурно дополнително се наметна кај стручниот штаб пред почетокот на новата сезона која започнува на 11 август.

Серафимов доби шанса да игра во првиот тим и на подготовките минатото лето, а еден натпревар ја носеше дури и капитенската лента.