Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го заврши турнирот во Латвија на второто место. Утрово избраниците на Горан Станковски го одиграа последниот контролен дуел, на кој ја совладавме селекцијата на Фарски Острови, минимално со резултат од 1:0.
Стартери на овој меч за Македонија беа и четворица играчи кои доаѓаат од Вардар. Се работи за Стефан Наумчески, Али Адем, Алек Талески и Јакуп Бериша, додека на клупата за резервни играчи беа Методија Велковски и Филип Антовски. Инаку во првите 11 на дуелот со Фарски беа уште тројца поранешни играчи на Вардар. Се работи за голманот Бојан Тимевски, кој замина во Каменица Саса, потоа Марко Ѓорѓиевски, како и Христијан Димов кој пред месец дена се пресели во екипата на Интер Запрешиќ од Хрватска.
На целокупниот турнир, Македонија одигра три контролни дуели, на кои забележа две победи против Латвија и Фарски Острови, додека беше поразена од Украина.