Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Шест играчи од Вардар ќе настапат за Македонија У17, на контролните дуели со Унгарија
Шест играчи од Вардар ќе настапат за Македонија У17, на контролните дуели со Унгарија

Шест играчи од Вардар ќе настапат за Македонија У17, на контролните дуели со Унгарија

На 3 и 5.септември македонската фудбалска репрезентација до 17 година ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на Унгарија.

За овие дуели кои ќе се одиграат во Скопје, селекторот на Македонија, Горан Станковски повика и шест играчи од редовите на Вардар. Дебито во националниот дрес ќе го има голманот Гоце Јовчев, а повик добија и Лука Стојковски, Грегори Давков, Филип Ѓоргоски, Андреј Стојчевски и Абдулах Хасани.

Собирот на репрезентативците е закажан за во недела со почеток од 12 часот, пред хотел Русија во Скопје.