Скандалозна одлука на институцијата која треба да биде Куќа на фудбалот , а всушност се претвори во погребално претпријатие на македонскиот фудбал .
ФФМ соопшти дека Вардар-Ренова како и цела прва и втора Македонска фудбалска лига ќе се игра без публика . Вардар ќе ја “слави“ титулата со редарската служба и економот бидејќи трибините ќе бидат празни . Сите мечеви ќе се играат сабота 16-30часот, а повторно промена Вардар ќе игра на Арената Филип 2ри а Работнички на ФФМ бидејќи веројатно полесно се заклучува од теренот на ФФм. Под оправдание за безбедносни причини ова одлука е во најмала рака скандалозна ако може и да се каже дека во Македонија вистински скандал е што воопшто постои фудбалка лига сама по себе.