Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ШАМПИОООООНИ! ФК ВАРДАР ДОЈДЕ ОФИЦИЈАЛНО ДО 10-та ТИТУЛА, НА МЕЧОТ СО РАБОТНИЧКИ ЌЕ НИ ЈА ВРАЧАТ
ШАМПИОООООНИ! ФК ВАРДАР ДОЈДЕ ОФИЦИЈАЛНО ДО 10-та ТИТУЛА, НА МЕЧОТ СО РАБОТНИЧКИ ЌЕ НИ ЈА ВРАЧАТ

ШАМПИОООООНИ! ФК ВАРДАР ДОЈДЕ ОФИЦИЈАЛНО ДО 10-та ТИТУЛА, НА МЕЧОТ СО РАБОТНИЧКИ ЌЕ НИ ЈА ВРАЧАТ

Денес на стадионот во Пробиштип се одигра клучниот дуел за промоција на црвено-црниот фудбалски колектив во шампион на Македонија во фудбал. Во мечот со чаирска Слога ние дојдовме до победа со која ја запечативме новата 10-та фудбалска круна. Следниот меч со Работнички условно како гости ќе ја славиме истата на арената “Филип Втори“.

Овој важен дуел шефот на стручниот штаб на вардарци Гоце Седлоски мечот го почна со 8. Пачовски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 10. Дашјан, 11. Асани, 16. Глигоров, 18. Ќеран, 19. Хамбарџумјан, 21. Новак, 70. Фелипе. Вардар тргна смирено без посебна офанзива  во првите десетина  минути на дуелот во Пробиштип немаше никаква  посериозна шанси пред  двата гола. Во 14 минута шасна имаа гостите од Слога преку  Османи, тој  шутира од 25 метри но  Пачовски  исфрла во корна. Во 22 минута Ќеран се обиде со шут од поголема дистанца, сепак без особена опасност. По 10 минути во 32 минута нова  убава шанса за Ќеран, сепак  Суат Зендели браи одлично. Минута потоа во 33 минута имаме  шанса преку Хуан Фелипе кој одлично шутира и пак голманот на чаирчани Зендели  одлично брани . Ова беше последна посериозна шанса за нас во првиот дел кој главно го игравме мирно знајќи дека и со реми сме шампиони.

Вториот дел почна мирно во Пробиштип каде на стадионот во овој град црвено-црните имаат поддршка од над 300 свој навивачи “КОМИТИ“. Во првата посериозна шасна поведовме преку Грнчаров, по нафрлена топка од корнер истата беше избиена од казнениот простор таа дојде до  Ќеран тој ја враќа пред голот каде Грнчаров успеа да го совлада денес одличниот Зендели. Вардар во продолжение ја има топката претежно во свој посед во поголем дел од времето. Одличен гол за црвено-црните од средина на теренот асистира одлично Фелипе топката минува 30сетина метри и доаѓа до Ховханес Хамбарџумјан кој е побрз од Зендели и го лобува за 2-0. Вториот погодок старо-новите шампиони го постигнаа во   76-та минута. Комити на тибините веќе со песна ја  слават новата титула на својот миленик на стадионот во  Пробиштип. Слога се закани безопасно во последната минута од регуларниот дел со шут од 2 метра , но Пачовски лесно одбрани. 

Последниот првенствен меч за оваа сезона против Работнички ќе биде само формалност за нашиот шампион, кој ја ја обезбеди десетта своја титула во историјата на клубот.