Младиот играч од одбраната, Александар Ѓурковски најверојатно го напушта тимот на ФК Вардар и продолжува во друг тим од Скопје.
Ѓурковски добиваше солидна минутажа минатата сезона од Никола Илиевски Џиџи како дефанзивец и последен играч за врска и одигра 19.официјални натпревари во Првата лига без постигнат погодок. Ѓурковски пред да добие шанса за првиот тим, играше во младинските категории на клубот.
ФК Вардар добива нова управа, нов тренер, но и многумина нови играчи. Веќе објавивме дека големо засилување за тимот ќе биде играчот од одбраната, Никола Ристески.